Персонал

Еден од приоритетите на Кондор секако е континуираното дообучување и усовршување на своите вработени како би можеле да се справат со сите предизвици кои ги налагаат потребите на клиентите како и најновите модернистички средства, методи и тактики за обезбедување на лица и објекти.

За таа цел се одржуваат интерни  обуки, на кои покрај стручниот тим  на Кондор, како предавачи се повикуваат и експерти од МВР и мајстори во боречки вештини. Како резултат на овие активности, во Кондор егзистираат голем број на спортисти меѓу кои  и носители и освојувачи на државни и меѓународни спортски признанија и медаљи.
Вкупниот број на вработени во Кондор изнесува околу 80 обезбедувачи кои обезбедуваат објекти на територијата на цела држава. Повремено нивниот број се зголемува во случај на засилување на екипите кои ги обезбедуваат нашите ВИП клиенти.