Согласно условите утврдени со Законот за обезбедување на лица и имот “Сл.весник на РМ” бр 80/99 и Законот на трговски друштва,  во својство на правно лице, во 2003 година, регистрирана е Агенција за обезбедување на имот и лица “КОНДОР БС ДООЕЛ” со седиште во Скопје и со своја испостава во Тетово.

Основана е од Зоран Гиноски, поранешен висок функционер во Министерството за внатрешни работи со 30 годишно искуство.

Пред извесно време Агенцијата го смени називот и прерасна во Друштво за обезбедување, трговија и инжинерингКОНДОР БС ДООЕЛ”експорт-импорт Скопје.

Менаџерскиот тим е составен истотака од поранешни високи функционери на МВР, кои се одликуваат со огромноработно искуство од областа на безбедноста, посебно од областа обезбедување.

Вработените  во Кондор, околу 80 на број,  постојано подлежат на здраствени и стручно-професионални  проверки со цел надградување на нивните вештии.

 

Своето делување Агенцијата го насочува во повеќе сегменти на обезбедувањето: 

  • Физичко обезбедување на лица (боди гард)
  • Физичко обезбедување на објекти (постојано или повремено)
  • Мониторинг обезбедување
  • Патролно обезбедување на објекти и лица
  • Техничко обезбедување
  • Обезбедување на манифестации
  • Тајно оперативно обезбедување на лица и објекти
  • Изготвува елаборати за обезбедување на лица и имот
  • Дава инструкции за решавање на безбедносни проблеми – безбедносен менаџмент.

 

Објектите кои ги обезбедува КОНДОР БС  се наоѓаат на територија на цела држава.

Агенцијата е екипирана и опремена така што може да одговори на сите Ваши барања и прашања од областа на обезбедувањето, дури и насофистираните.

Сегашен Управител-Менаџер на КОНДОР  е Дракче Павловски од Скопје, со 25 годишно искуство во МВР и обезбедување.