Бидете дел од нашиот тим

КОНДОР БС (CONDOR BS) ДООЕЛ Скопје е веќе препознатлив бренд во областа на приватното обезбедување, како заради квалитетот на услугите што ги пружа, така и заради својата општествената одговорност .

Насочени кон исполнување на очекувањата на нашите корисници и испорака на квалитетна услуга, имајќи ги предвид нашите мисија и цели, како и предизвиците кои ги носи оваа дејност, нашите вработени претставуваат еден од нашите најзначајни ресурси.

КОНДОР БС е компанија со амбициозни цели за кои ни се потребни иновативни луѓе со визија, подготвени за нови предизвици и потфати, способни да одлучуваат и спремни да превземаат одговорност, луѓе ориентирани кон остварување на поставените задачи преку примена на свои идеи и знаења.

Ние нудиме можности за обука, дообука и едукативен и личен развој, стекнување искуство, како изградба и напредок во кариерата во една исклучително професионална и пријатна работна атмосфера со истакнат натпреварувачки и тимски дух.

Доколку сте заинтересирани за кариера во КОНДОР БС, испратете ја вашата куса биографија – CV, заедно со придружно писмо (на македонски јазик) каде што ќе ја назначите работната позиција за која аплицирате, односно областа во која би сакале да работите и задолжителна фотографија на следниот e-mail: kondor_bs@yahoo.com.

Вашите податоци ќе бидат третирани со најстрога дискреција.

Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.